Бен Афлек веќе престана да го носи својот венчален прстен. Според најновите гласини двајцата отуѓени сопружници веќе ангажирале фирма која ќе им помогне со  претстојниот развод.3ceb859b5c7ed9d6f71312affaaf26c8

Очигледно сепак 43-годишниот актер и неговата жена нема да успеат да го преродат бракот и навистина официјално ќе му стават крај.

Според магазинот People, Бен и Џенифер ги носеа бурмите во последните два месеци (откако ја прогласија разделбата на крајот на јуни) најмногу поради трите деца, но се чини дека веќе не го прават тоа.

Извор тврди за весникот дека Афлек и Гарнер дека се разделиле пред 10 месеци и работите во врската им се неповратни.

Се смета дека ѕвездата од филмовите “Арго” и “Не кажувај збогум” има тајна афера со екс дадилката на своите деца – 28-годишната Кристин Озунијан.

Иако Бен ги негира овие гласини, очигледно тој и неговата сопруга се подготвени да ги планираат деталите по разводот со помош на арбитер.

Медиумите тврдат дека двајцата планираат да продолжат да живеат во истиот имот во Лос Анџелес, кој е во процес на ажурирање.

Извор тврди: “Џен сака да се увери дека Бен ќе поминува повеќе време со децата.”

Слични содржини