Пред неколку дена Бен Афлек и Џенифер Гарнер најавија официјално дека ставија крај на својот 10-годишен брак.76e307185a42b6f92d2f98233d19ceee

За да избегаат далеку од медиумската врева околу веста сепак, двајцата решиле да заминат за Бахамите заедно со своите три деца.

Вчера (02.07.) ѕвездите биле забележани во приватен Бахамски ризорт каде престојуваат, за да можат да се “извлечат од центарот на медиумското внимание”.

Извор сподели на темата: “Важно е и за Бен, и за Џен да избегаат од медиумите и да поминат мирно време со своите деца.Тешко е за сите, но и двајцата прават максимални напори за да бидат децата  на прво место “ .

Истиот извор додава дека 42-годишниот актер изгледал несреќен, додека 43-годишната, тогаш  сѐ уште, сопруга била во подобро расположение.

Џенифер дури нашла време да тренира со фитнес инструктор, веројатно како начин да се оттргне за кратко од проблемите во приватниот живот.

Слични содржини