Според најновите гласини Бен Афлек ја изневерил својата сопруга Џенифер Гарнер со бебиситерката Кристин Озуниан и тоа ја предизвикало нивната разделба пред еден месец.5ebd2413f3e63f4493d3e70e019014cf

Веројатно се сеќавате дека кон крајот на јуни сопружниците најавија официјално дека се разделуваат по 10-годишен брак и три деца.

Извори блиски до семејството, откриваат во новиот број на магазинот Us Weekly дека Бен имал афера со 28-годишната дадилка, Џенифер разбрала и одлучила да стави крај на нивниот брак.

Според изворите Кристин била вработен на голема агенција за селекција на персонал од Беверли Хилс. Таа ја презела грижата за 9-годишната Вајолет, 6-годишната Серафина и 3-годишниот Самуил пред 10 месеци.

Кога Гарнер открила дека нешто се случува меѓу нејзиниот сопруг и русокосата, таа веднаш ја отпуштила бебиситерката, но според изворот таа продолжила да се гледа тајно со Бен.

Пријател на Кристин вели: “Таа смета дека тоа е вистинска љубов.” Портпаролот на Афлек сепак категорично ги демантираше тврдењата за слична романтична врска, нарекувајќи ги “неосновани и невистинити”.

Тоа е прашање бејбиситерка; Фото: dailymail.co.uk

Слични содржини