Бербатов: Кога играш со Роналдо, Руни, Фердинанд добиваш ерекција

од Vladimir Zorba

Најдобриот бугарски фудбалер, Димитар Бербатов најверојатно ќе ја заврши својата славна кариера ако не најде нов тим ова лето. Ова беше лично најавено од популарниот Бербо на „Нова ТВ“.

„Ако не најдам тим во кој ќе играм ова лето, мојата кариера ќе заврши. Но, ниту еден фудбалер не е подготвен за тоа. Кога ќе завршите со фудбалот, мал дел од вас умира“, вели Бербатов.

„Секој фудбалер мисли дека може да е тренер, но тоа не е така. Многу големи фудбалери не станаа добри тренери и обратно – луѓе кои не играле фудбал, се одлични тренери“, вели поранешниот фудбалер на Јунајтед и Тотенхем.

Бербатов рече дека тимот во кој настапувал со Роналдо, Руни и Фердинанд му дале големо задоволство.

„Кога ќе застанеш во тунелот до Роналдо, Руни, Рио Фердинанд, а потоа на теренот со нив … добиваш ерекција“, призна Бербатов.

Слични содржини