Берлин почна  катастрофални напад против опколениот радикален грчки премиер, Алексис Ципрас, обвинувајќи го дека го лаже сопствениот народ и бара “жртвени јагниња” за проблемите на земјата насекаде, освен во сопствените редови, пишува британскиот весник “Гардијан”.

cip merk

Германскaта Влада ги отфрли сите очајни обиди на Атина да измоли некаква форма на финансиска помош, што го предизвикува Ципрас да го возвратат ударот кој ги обвини доверителите во обид да “изнуди” грчките гласачи со апокалиптичните  предупредувања дека гласање против санкциите на референдумот ќе е гласање да излезат од еврозоната. Ципрас ги нарече  лидерите на еврозоната како “екстримистички  конзервативни сили” и ја фрли врз нив вината за затворањето на банките и ограничувањето на сумите за влечење, пишува весникот  за настаните од последните денови.

Вчера откако Ципрас с е наведна и испрати писмо до Еврогрупата дека се согласува со предлозите, но без укинување на ДДВ за туризмот на островите и итно почеток на пензиските реформи, грчкиот премиер беше полиен  со студен туш од германската канцеларка. Таа изјави во Бундестагот дека веќе е многу доцна за барање на нов спасувачки план и сè ќе се одлучи по гласањето во неделата. Тоа буквално го разгневи Ципрас, кој направи ново ТВ обраќање до нацијата и ги повика Грците да гласаат против безсрамниците од Европа. Во исто време пензионерите се туркаа на бескрајни редици пред банките, кои им даваа само по 120 евра за цела недела. Луѓето беа разочарани и лути.  Еден граѓанин викна во репортажа на една од телевизиите: “Ципрас е гангстер, останавме без скршена пара!” остри критики од страна на Берлин  ги засилуваат шпекулациите дека германската влада може да одбие да преговара со крајно левите грчки управници за каков и да е друг спасувачки пакет по неделниот референдум.

Ќе се оспорува  и валидноста на гласови

Советот на Европа вчера изјави дека еднонеделната најава не одговара на меѓународните стандарди и дека текстот е нејасен. Истовремено од грчкиот Уставен суд беше побарано да се анаулира референдумот. Одлуката  по ова прашање нема да биде донесена пред 3 јули. Германската партија  на “Левите” – истомисленици на СИРИЗА во Бундестагот, ја обвинија Меркел дека сака да го тргне Ципрас. Јавна тајна во Берлин е дека канцеларката и најмногу нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле, нарекуван од некои “јастреб”, ќе бидат среќни да го видат Ципрас да падне по референдумот. Германски пслужбеници   велат дека белите сакаат промена на министерот за финансии Јанис Варуфакис. Растечката напнатост во врска со она што се случува во Грција се виде и по врвовите на ЕУ на 1 јули. Тогаш Шојбле го отфрли последното писмо на Ципрас до доверителите, во кое тој ги прифати повеќето барања од оние кои неколку дена порано  ја окарактеризира како “понижување ” и “изнуда”. Шојбле изјави дека иницијативата на Ципрас само  разматг уште повеќе вода, додека Меркел цврсто отфрли повеќе преговори до крајот на референдумот. Францускиот претседател Франсоа Оланд сепак повика на брзо решавање на проблемот. “Договорот треба да биде постигнат веднаш. Од пред извесно време се зборува за него. Тоа треба да се случи сега”, рече тој.

Променливата тактика на Ципрас, се движи од отфрлање до помирување и обратно во рок од неколку часа, само раздразнува уште повеќе круговите во еврозоната. Шојбле даде јасно да се разбере дека веќе одбива да слуша збунувачки пораки на грчката влада, и навести дека ќе биде многу тешко на двете клучни земји – Берлин и Атина, да заминат брзо кон подобрување на ситуацијата која оди кон губење на контрола. Времето е многу малку. Покрај тоа што обврските за тоа дека не се исплатени  на 30 јуни 1,5 милијарди евра кредити кон МВФ,  Грција треба да откупи до 20 јули хартии код вердност,од Европската централна банка (ЕЦБ) во вредност од 3,5 милијарди евра. “Грција е во тешка ситуација, но само поради однесувањето на владата … Да бараш да обвините некого надвор од Грција може да помогне внатре  во Грција, но нема никаква врска со вистината “, рече Шојбле.”Грчката влада не и прави услуга на својот народ, и продолжува да дава целосно лажни изјави. Никој друг не може да биде обвинет за оваа ситуација … Тоа е многу тажно. Ние сме во многу тешка положба отколку порано. Секогаш  било тешко. Но, од јануари станува полошо и потешко. ” Ципрас стана премиер токму во јануари. Грчкиот премиер беше критикуван и од Игмар Габриел, заменик-канцелар во коалицијата на Меркел. Тој ја обвини левата влада на СИРИЗА, дека дозволува богаташите и олигарсите да ја “пресушуваат” земјата и да извезуваат оттаму милијарди. “Кој е одговорен за овие пари? Вклучувајќи ги и работниците во Германија”, рече тој. И додаде дека Европа не прави ништо, освен да се празни со  пари во “оваа корумпирана држава”.

Слични содржини