Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ги предупреди руските сепаратисти да не го напаѓаат украинскиот град Мариупољ, затоа што тоа повторно ќе ги стави под знак прашалник Минските договори.

И покрај новиот прекин на огнот, што стапи во сила на 15 февруари, бунтовниците воспоставија контрола врз Дебалцево по повлекувањето на украинските сили.

Во Украина многумина стравуваат дека Мариупољ може да стане следна цел на сепаратистите.

– Се надеваме дека по настаните во Дебалцево нема да има други обиди на сепаратистите да ја прошират зоната на влијание, рече Штајнмаер по средбата во Париз со шефовите на дипломатиите на Франција, Русија и Украина./МИА

Слични содржини