Берлин ќе враќа мигрантите, од ЕУ земјата од каде што дошле.

4501894

Германија ќе ги враќа сириските бегалци назад во првата земја-членка на Европската унија, во која се пристигнати, а потоа се упатиле  кон внатрешноста на континентот. Ова предупредување го упати портпаролот на германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер. Портпаролот истакна дека Берлин повторно го воведува Даблинскиот протокол. Според него бегалците се обврзани да бидат регистрирани во првата земја-членка на ЕУ, во која пристигнале и можат да бидат вратени назад од другите земји.

ograda granica

Во исто време, германскиот канцелар Ангела Меркел ја повика ЕУ да ја гарантира безбедноста на надворешните граници, за да престане миграцискиот  бран, кон Европа. Тоа, според неа, ќе ги спречи земји како Словенија да креваат ѕидови на своите граници. “Ситуацијата во Словенија, каде што владата крева ограда долж границата со Хрватска, за да ја контролира миграција прилив, е неизмерна. Неопходно е соработка за наоѓање на европска заедничка одлука. Тоа значи гарантирање на безбедноста на надворешните граници “, рече Меркел. Според економскиот институт во Минхен Германија оваа година ќе потроши над 21 милијарди евра за сместување, храна и едукација за мигрантите. Во меѓувреме, словенечкиот премиер Миро Церер соопшти дека само по 16 октомври во земјата пристигнале над 171 000 мигранти. Тој предупреди за нов  и голема миграциски  бран од Грција од над 30 000 луѓе. / ХИНА

Слични содржини