Берлускони се прашува дали да биде фигурант во Милан

од Vladimir Zorba

Крајот на една велика ера приближува.Силвио Берлускони нема да има ништо заедничко со клубот, кој го крена од калта во петокот. Тогаш се очекува да префрли конечно 99.93% од акциите на “росонерите” на кинескиот конзорциум со кој преговараше од пред речиси две години.

Азијците му предложија улогата на почесен претседател кој ќе има само репрезентативни функции, но од него апсолутно ништо нема да зависи. Поранешниот италијански премиер, сепак сеуште се прашува дали да ја прифати слична улога.

Според извори од неговата компанија, Берлускони не е навикнат да биде едноставно фигурант и токму тоа може да се покаже како причина да отфрли ваквата понуда. Крајниот рок за одговорот му е петок, кога договорот треба да е склучен.

Така ќе биде ставен крај на 31-годишното управување на Милан, што доведе до феноменални 29 трофеи во излогот на клубот и го претвори во најуспешниот претседател на “росонерите”, но и во светот на фудбалот воопшто.

Слични содржини