Берлускони за Трамп: Тој е како мене

од Vladimir Zorba

image_5870602_126

 

Поранешениот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека споредбите меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп се “очигледни”. Италијанците не задоцнија со споредбите меѓу Берлускони и Трамп, и затоа го измислија и името “Трампускони”. Шеговити фотографии направени со фотошоп кружат на интернет просторот.

image_5870608_128

И двајцата влегуваат во политиката од светот на бизнисот, Берлускони е медиумски магнат, а Трамп работи со невижности.

Доналд Трамп исто водел тешки тужби, но за разлика од Берлускони, тој е неосудуван. Трамп еден од најпознатите милијардери во Америка, со нето вредност од  3.7 милијарди долари, според списанието “Форбс”. Берлускони, со четири мандати како премиер и криминалните обвиненија во 2013 година и 2015 година, е оценет од “Форбс” со вредност од 5.9 милијарди. Берлускони изјави за италијански весник дека Американците го избраа Трамп, а “сега нека го остават да работи “. Тој додаде дека Трамп е избран од Американците бидејќи “тие се уморни од стариот политички поредок”.

Слични содржини