„БЕСА“: Потребна е што поскоро стабилна влада

од Vladimir Zorba

Уверени сме дека ќе се формира Влада, дали ќе биде тоа ВМРО-ДУИ, дали СДСМ-ДУИ и други партии, ќе треба да почекаме, вели Касами

 

Од движењето „БЕСА“ се уверени дека наскоро ќе се формира Влада. Велат- на земјава ѝ е потребна стабилност.

„Уверени сме дека ќе се формира Влада, дали ќе биде тоа ВМРО-ДУИ, дали СДСМ-ДУИ и други партии, ќе треба да почекаме. Јас се надевам дека сите политички партии ќе рефлектираат базирано на резултатот кој го постигнаа на изборите, изјави претседател на движењето „БЕСА“, Билал Касами.

На Македонија ѝ треба стабилна влада која ќе работи за сите граѓани“,посочи Касами.

Слични содржини