Беса со кандидат за град Скопје

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше кандидатурата на Коце Трајановски за трет градоначалнички мандат во Скопје каде ќе се соочи со Петре Шилегов од владејачкиот СДСМ. Алијансата за Албанците во Скопје ќе го кандидира Наим Бајрами.

Неофицијално, и Беса планира кандидат за главниот град – како најсериозен се споменува Беким Сали. Во Куманово Алијансата ќе излезе со Башким Османи. ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави своите предлози за градоначалници на Гази Баба, Дебар и за Росоман.

Актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски се откажа од независната кандидатура за уште еден мандат. Жерновски на социјалните мрежи напиша дека неговата политичка кариера ќе ја продолжи како дел од извршната власт – што го потврди и премиерот Зоран Заев.

СДСМ во Центар ќе го кандидира, Саша Богдановиќ, актуелен директор на „Паркинзи“ Центар. Во ВМРО-ДПМНЕ, како фаворити за кандидати за Центар се споменуваат Томислав Лазаров и пратеничката Даниела Рангелова. Партијата на Заев се уште нема донесено конечна одлука дали ќе го поддржат кандидатот на ДУИ за Чаир, или пак ќе излезат со свој кандидат. Од движењето БЕСА, најавуваат дека ќе понудат кандидат и за прв човек на Град Скопје. За разлика од другите албански партии, ДУИ најверојатно ќе чека до самиот крај за да ги објави кандидатите во повеќето општини. Се уште не се знае дали Теута Арифи ќе бара нов мандат од Тетовци. ДУИ, Алијансата и БЕСА досега ја официјализираа соработката за Гази Баба, Битола и Чашка. Партиите имаат рок до 14 септември на полноќ да ги финализраат кандидатските листи за градоначалници и советници. Предизборната кампања почнува на 25 септември./АлсатМ

Слични содржини