БЕСА влегува во ДИК на местото на ДПА

од desk2

БЕСА и официјално ќе добие свој член во ДИК на местото кое до сега го држеше претставникот на ДПА Бедредин Ибраими. Ова следува откако сите партии во законодавниот дом едногласно се договорија за предлог измените во Изборниот законик кои по скратена постапка ги предложија група пратеници.

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели пак истакна дека согласно измените најдоцна 30 дена пред одржување на изборите ДИК треба го рефлектира резултатот од последните парламентарни избори. Но, промените ќе можат да се направат и веднаш по изборите доколку е потребно.

„Тоа не значи дека ДИК и Собранието на Република Македонија треба да чекаат последните 30 дена. Значи роковите треба да е испочитуваат. Не можеме да влегуваме во избори, а не е усогласен изборниот законик со последните парламентарни избори“, вели Фадил Зендели – пратеник БЕСА.

Пратеникот од СДСМ Петре Шилего пак рече дека Целта на измените во изборниот законик е ДИК да го одразува реалниот состав според бројот на пратеници во законодавниот дом.

„Во матичниот текст од законот немаше одредби за разрешување на член од ДИК и ова е таков вид на интервенција и скратени рокови со цел пред претстојните локални избори се стаса ДИК ја пресликува реалната состојба на пратеничките групи во собранието“, рече Петре Шилегов – пратеник СДСМ.

Неофицијално на ова место во ДИК ќе седне Ермира Асани Салија адвокат но и член на Централното претседателство на движењето БЕСА. Барања за Измени во изборниот законик беа доставени уште пред скоро три месеци кога топката меѓусебно ја префрлаа ДИК и Собранието. Инаку членот на ДПА Бедредин Ибраими е на оваа функција од 2008 година./24 Вести

Слични содржини