Македонија мора да се држи до препораките што во последниот прогрес-извештај и ги даде Европската комисија, порачал еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, на денешната средба со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими.

timthumb

– Целта на денешната средба со Хан беше да информираме како пристапивме веднаш по извештајот и што во меѓувреме е направено. Тоа што се разговараше беа препораките во извештајот, т.е. тоа што се очекува од Република Македонија, а тоа се многу јасни поставени работи од страна на еврокомесарот. Се работи за имплементација на политичкиот договор и обврските што се превземени со тој договор, преку конструктивен пристап од страна на сите политички партии, особено во однос на функционирањето на институциите каде што има претставници на повеќе политички партии – изјави Бесими за МИА по средбата.

Продолжуваат преговорите, Ванхауте даде рок до петок да се постигне договор за медиумската сфера

 

Слични содржини