Бесплатниот превоз остави 15 ученици од Карбинско дома

од Vladimir Zorba

ucilnica1-860x680

Задолжителното средно образование на родителите од плачковичките села им донесе секојдневен трошок. Општината Штип нема обезбедено превоз за 15 ученици кои живеат во планинските села од општината Карбинци. Родителите се принудени секој ден со сопствени возила да ги носат децата на училиште, изјави Изет Ибрахими, кој е и советник во општината Карбинци.

– Како и лани и оваа години на нашите средношколци од селата Оџалија, Парналија и Кучица не им се обезбедува превоз. Општината Штип треба да се погрижи за ова. Веќе две години нема превоз, а според законот, нашите деца треба да одат на училиште – вели Ибрахими.

Според Ибрахими, поголем дел од децата воопшто не одат на училиште бидејќи нема превоз, ниту пак места во интернат. Родителите стравуваат од казни. Минатата година децата добија свидетелства преку класен испит, додека поголем дел од годината седеле дома, поради тоа што општината не им обезбедила превоз.

За општината понудите на превозниците им се прескапи, кои според градоначалникот Илчо Захариев, барат по 800 денари од дете.

– Цените на превозниците беа енормно високи, но ние направиме тие деца сепак да го завршат образованието. Сега тече тендер, ама не можеме да прифатиме дневна карта од 800 денари до 35 километри, ако имаме во предвид дека до Кочани и Виница картата е 90 денари. Превоз треба да има, ама не по секоја цена – изјави Захариев.

Општината, која годишно троши по 22 милиони за превоз на учениците, најави дека доколку не се постигне поволна цена, ќе распише нов тендер./Мета

Слични содржини