Без пасоши уште седум лица – Апелацискиот суд ја потврди мерката за членови на изборни комисии

од Vladimir Zorba

 Без пасоши остануваат уште седум лица обвинети во случајот на Специјалното обвинителство за изборни нерегуларност Титаник. Апелациониот суд ги потврди првостепените одлуки да им бидат одземени патните исправи на Коста Митровски, Леко Ристовски, Станко Коруновски и Далибор Алешковиќ порано членови на општински изборни комисии.

Истата одлука важи и за Киро Тодоровски, шеф на поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и Мунир Пепиќ, обвинет дека посредувал за вадење на личните карти на граѓани од Пустец.

Најдоцна до понеделник и според роковите денеска,  се очекува скопскиот Апелациски суд да ги објави и одлуките по жалбите на СЈО за неопределениот притвор на екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски како и поранешните владини секретари Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Сите петмина се првообвинети во предметот Титаник за злосторничко здружување, злоупотреба на пари во изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Слични содржини