За решавање на проблемите со грчкиот долг европските власти може да изберат меѓу три варијанти: да направат отстапки на Атина, да инсистираат на своите услови и да и дозволат на Грција да ја напушти еврозоната или да се најде компромис меѓу барањата на Грција и нејзините кредитори. Според колумнистот на Financial Times Гидеон Рахман, секое од овие сценарија ќе има ист крај – колапс на еврозоната.

eu grcija
При првата опција ќе биде избришан дел од грчкиот долг и истовремено Атина може да се откаже од реформите. Тогаш властите во Германија, Финска, Франција и Холандија – кои на Грција и дадоа милијарди евра – ќе мора да му објаснуваат на електоратот дека повеќе нема да ги видат своите пари.

Оваа ситуација, според Гидеон Рахман, ќе резултира на средбите на Унијата да присуствуваат крајните десни, националистите и евроскептиците и тие да го преземат носењето на политички одлуки. Тогаш во неизвесност ќе биде не само иднината на европската валута, но и самото постоење на Унијата.

Според втората опција, по излегувањето на Атина од еврозоната, ЕУ ќе се обиде да ги зајакне интегративните процеси во заедницата, а е можно и создавање на банкарска унија. Сепак граѓаните од Северна Европа, откако би виделе како поради банкротот на Грција им испариле парите, тие едвај ќе сакаат да имаат нешто заедничко со банките од Јужна Европа.

“Политичките резултати од излегувањето на Грција може да бидат катастрофални за ЕУ. Дестабилизирана Европа, која се наоѓа надвор од еврозоната, ќе го задржи присуството во ЕУ барем за некое време. Од овие позиции Атина може да ги блокира со вето политичките иницијативи на ЕУ по голем број прашања, вклучувајќи ги санкциите против Русија.

evro

Опасноста од третото сценарио, според Рахман, е дека размерот на грчкиот долг е речиси непроменет. Ако кризата не избувнеше сега, таа нужно ќе експлодираше во иднина. Тешко е да се прогнозира колку ефективни ќе се покажат реформите, земајќи ги предвид проблематичните точки на грчкиот систем – клиентелизмот и недостатокот на компетентност во многу сфери.

“Грчката криза фрли светлина на фактот дека проектот за еврозоната беше осуден од самиот почеток. Враќајќи се во историјата, може да се забележи дека валутите, неосигурени со гаранции од државата, нужно се осудени на неуспех.“

Горчливата вистина е дека прифаќајќи проект за единствена европска валута, основачите на Унијата навлегоа на опасна и неистражена територија. Безбедни патишта за повлекување едноставно нема “- резимира аналитичарот.

Слични содржини