Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Аеродром

од desk4

Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа без електрична енергија утре ќе бидат корисници од делови од Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Во периодот од 9:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Букурешка“ во општина Карпош, од 9:00 до 10:00 часот дел од улицата Кавалска на потегот од градинката кон улицата „Мариовска“ и дел од улицата „Благоја Гојан“ на потегот од Хотелот „Сонце“ до улицата „Кавалска“ во општина Кисела Вода.

Без струја утре во периодот од 13:00 до 14:00 часот ќе биде градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, општина Аеродром.

Слични содржини