Безос, Гејтс и Цукерберг изгубија 4,5 млд. долари поради односите меѓу САД и С. Кореја

од desk2

Војната со зборови меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Северна Кореја ги чинеше Џеф Безос, Бил Гејтс и Марк Цукерберг дури 4,5 милијарди долари затоа што акциите паднаа поради политичката напнатост.


Безос, Гејтс и Цукерберг сведочеа на огромни загуби зато ашто инвеститорите ги продаваа акциите и бараа сигурни прибежишта. Најголем губиток е основачот на Амазон, Џеф Безос, кој неодамна стана на кратко најбогат човек. Во само неколку часа изгуби две милијарди долари.

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг е посиромашен за 1,6 милијарди долари, додека Гејтс изгуби 850 милиони долари од вредноста на неговиот удел во Microsoft. Американските компании кои се сметаат за сигурни за вложување преку ноќ изгубија 30 милијарди долари.


Акциите почнаа да паѓаат откако американскиот претседател Трамп ја предупреди Северна Кореја дека ќе се соочи со оган и бес каков што светот не памти доколку продолжи со заканите кон САД.

Малку пред да се отвори њујоршки Wall Street во петокот, Трмп додаде дека САД се подготвени да делуваат доколку Северна Кореја одлучи да преземе непромислен чекор.

Реакцијата на Трамп следеше откако Северна Кореја го обвини Корејкиот полуостров дека го доведува на раб на нуклеарна војна. Тие го објавија планот за ракетен напад кон американската територија Гуам.

Слични содржини