Би пливале ли со Доналд Трамп?

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп е несакан од голем дел од Американците, но пак кога станува збор за бизнис, неговиот лик продава. Веќе на пазарот е едноделниот костим за капење за дами, на кој “блеска“ карактеристичната физиономија на претседателот на САД.

Со овој костим за капење едно е сигурно – на плажа нема да останете незабележани. И ако не ви пречи овој момент, сите погледи ќе се вперат во вашата фигура.

Компанијата, која го пушти на пазарот костимот го цени својот производ на 49,95 долари.

Корисниците ја коментираат со хумор појавата на Трамп на костим за капење, обрнувајќи особено внимание на четириредната гушка која може да прикрие некои недостатоци во половината.

Слични содржини