Бијонсе ја претстави книгата која го следи албумот “Lemonade”

од desk2

Бијонсе ја претстави книгата “How to Make Lemonade” (Како да направиш лимонада) во ограничено издание, а која го следи нејзиниот последен албум. Книгата има дури 600 страници и има фотографии од снимањето на последниот албум.


Во книгата има и семејни фотографии на кои таа е со сопругот Јеј Зи и ќерката Блу Ајви.

Книгата е сестран поглед на темите кои се инспирација за последниот нејзин албум, а освен фотографии содржи и стихови од нејзините песни.

Со оглед на тоа дека албумот “Lemonade” е еден од нејзините најуспешни во кариерата, се верува дека и книгата, која во продажба ќе с енајде на крајот од летото, добро ќе се продава. Цената е дури 299,99 долари.

Слични содржини