Бил Гејтс повторно е најбогат човек на светот

од desk2

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и понатаму е најбогат човек на светот, според новата листа на магазинот Форбс објавена денеска.

Бил Гејтс или Вилијам Хенри Гејтс, како што е неговото целосно име, ја предводи листата на најбогати луѓе на светот четврта година по ред и 18 пати во изминативе 22 години, а неговото богатство се проценува на 86 милијарди долари.

Гејтс, кој што го основаше Мајкрософт на 19 години, откажувајќи се од факултетот, поседува само 2,5 отсто од капителот на компанијата, која што ја основаше заедно со Пол Ален во 1975. година.

На второто место на листата се наоѓа блискиот пријател на Гејтс, американскиот инвеститор Ворен Бафет, со богатство од 75,6 милијарди долари. Тој го презеде ова место од шпанецот Аманцијо Ортега, основачот и сопственик на Зара, кој што падна на четвратата позиција.

Трет е генералниот директор и основач на Амазон, Џеф Безос.

Безос поседува околу 17 отсто од капиталот на Амазон, која што вреди повеќе од 400 милијарди долари. Акциите на Амазон значително пораснале во изминатата година, па така и неговото богатство пораснало за 61 отсто на 72,8 милијарди.

Марк Цукенберг, кој што има само 32 години, сега поседува 56 милијарди долари и се наоѓа на 5. место на листата на Форбс.

Цукенберг, Безос и основачите на Гугл, Лари Пејџ и Сергеј Брин, се единствените во првите дваесет кои што се помлади од 60 години.

Слични содржини