Бил Гејтс: Терористите можат да убијат 30 милиони со големи сипаници!

од Vladimir Zorba

Креирање на епидемија e  многу поопасно од нуклеарно оружје

Според милијардерот Бил Гејтс биотерористичнкиот напад може да нокаутира 30 милиони луѓе во светот, бидејќи е сè полесно да се создаде и да се шират смртоносни болести. Тој посочи дека епидемија на смртоносниот вирус како Вариола може да биде поопасна и од нуклеарен напад, пишува The Daily Telegraph.

“Целиот овој напредок во биологијата прави терористите многу полесно  да рекреираат Вариола која е фатална болест”, изјави Гејтс за време на настан во Лондон. “Размислувајќи за нешта кои можат да предизвикаат десетици милиони жртви, дури и инцидент со нуклеарно оружје не може да стигне до овие нивоа. Затоа и најголемиот ризик е од природни епидемии или оние предизвикани при биотероризам “, додаде тој.

“Без оглед на тоа дали следната епидемија ќе биде лансирана од каприц на природата или од раката на терорист, научниците сметаат дека брзодвижечкото ширење патоген преку воздух може да убие повеќе од 30 милиони лица за помалку од една година. Светот мора да размисли и  на тоа “, смета милијардерот.

Бил Гејтс посочи дека денешната мобилност значи дека идна пандемија може да биде смртоносна дури и од онаа на шпанскиот грип во 1919 година, при што загинуваат повеќе од 100 милиони луѓе.

Слични содржини