Бил Мареј го грабна признанието за хумор „Марк Твен“

од Vladimir Zorba

Комичниот актер Бил Мареј ја доби наградата за хумор “Марк Твен” на церемонија, организирана од центарот за уметност “Кенеди”, тоа го соопшти списанието “Роулинг Стоунс”. 5129690Мареј беше удостоен со наградата за “влијание врз американското општество, пропорционално со тоа на сатиричарот Марк Твен”. На церемонијата многу од неговите пријатели и колеги го поздравија со хумористични изјави.

Џими Кимел дури се пошегува со лауреатот, опишувајќи го како “гениј и истовремено со тоа бестрашен екстроверт, на кого секогаш му се посреќува, дури и кога го краде туѓиот помфрит и прекинува прес конференции во Белата куќа”, алудирајќи на обраќањата на Мареј од последните неколку дена.

“Многу ми е тешко да слушам како сите овие луѓе споделуваат пофалби за мене. Толку е сомнително “, изјави во одговор комичарот за време на својот говор.

65-годишниот актер работи во кино индустријата повеќе од 40 години. Тој е и еден од најзначајните актери од комичната сцена, кои учествувале во “Доцното шоу на Дејвид Летерман” (цели 44 пати!) и “Во живо во сабота навечер”, како и носител на две награди “Еми” и номинација за ” Оскар “за најдобар актер за филмот” Изгубени во преводот “.

Слични содржини