“Билд”: Меркел стравува по изборот на Трамп

од Vladimir Zorba

Новиот претседател на САД ja нарече нејзината политика кон бегалците “безумна” и “катастрофа”.

1478844220-16

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД  ја очекуваат тепки времиња, германската канцеларка Ангела Меркел, пишува”Билд”.

Во раните утрински часови во средата стана јасно дека републиканецот победи на изборите со 288 изборни гласа пред кандидатот на демократите Хилари Клинтон.
Во поддршката на своето тврдење изданието потсетува дека политиката на Меркел кон бегалците беше наречена од Трамп како “катастрофа” и “жешка”.

Освен тоа, за време на предизборната кампања кандидатот на Републиканската партија го користеше името на Меркел како синоним со негативна труба

– Трамп изјави дека Хилари Клинтон сакала да биде “Ангела Меркел на Америка”. Само еден единствен пат тој го нарече германскиот канцелар “навистина кул” водечки политичар.

Во честитката кон Трамп во средата Меркел констатира дека кампањата била исполнета со “речиси неподнослива конфронтација”.
“Германија и САД се поврзани со вредности – демократијата, слобода, почитување на човековите права, без оглед на потеклото, бојата на кожата, религијата, сексуалната ориентација и политичките ставови. Врз основа на овие вредности му нудам на идниот претседател на САД соработака “, објави тогаш Ангела Меркел пред новинарите.

Трамп ќе биде третиот американски претседател, со кого ќе има блиски односи со Меркел. Со Џорџ Буш таа имаше добри односи. Барак Обама и ја довери, на пример лидерската палка за украинската криза и ја остави да раководи, а по прашањето за спасување на еврото се и веруваше на нејзините совети.

Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Кристоф Хојсген немаат контакти со екипата на Трамп и едвај можат да ги предвидат следните чекори. Само германскиот амбасадор во Вашингтон неодамна направи некои контакти, но засега според “Билд” не располагал со многу знаење.

Од “Билд” се поврзале со директорката на кампањата на Трамп Кели Конвеј и ја прашале како Вашингтон и Берлин ќе работат заедно. На што таа одговорила: “Секако дека ќе работиме заедно. Се разбира, има прашања за кои тој не се согласува со неа, како што бројот на бегалците од Сирија, на кои таа им овозможи да влезат и да ја уништат нејзината земја. Но, природно, тие ќе работат заедно “.

По победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, Европа не може како пред тоа да смета на поддршката на САД, изјави во интервју за радио Deutschlandfunk и германскиот еврокомесар Гинтер Јотингер.

“Европа треба да порасне … Времињата кога можеше да се чувствуваме како помал брат на САД,кога можеше да растеме во сенката на САД и да имаме безбедност обезбедена од САД … останува во минатото “, рече Отингер.

Според него Американците ќе продолжат да играат значајна улога на светската сцена, бидејќи тие “повеќе од кога се глобални играчи”. Јотингер повикува да се следи внимателно политиката на новоизбраниот претседател Трамп.

“Првиот говор, откако беше избран, беше паметен”, смета Јотингер.

Слични содржини