Билетите за концертот во чест на Дејвид Боуви, кој ќе се одржи на 31 март на сцената во Карнеги Хол во Њујорк, беа распродадени за неколку минути.4592746

Главниот организатор на концертот Мајкл Дорф соопшти дека гледачи на концертот ќе бидат 2 800 луѓе. Во моментов да се најде официјално билет е невозможно. На црно билетите, кои во просек чинеа околу 100 долари, се нудат на цени од 2 до 3 000 долари.

Претходно се планираше дека во Карнеги Хол ќе одржи концерт самиот Боуви. Во него требаше да земат учество и негови пријатели и колеги – групата “Руутс”, актерката Синди Лоупер и др. Ненадејната смрт на пејачот ги промени овие планови. Сега на 31 март, концертот ќе се одржи под наслов “Музиката на Дејвид Боуви” и во него се свират песни на легендарниот рок пејач во изведба на класици на модерниот рок како Мик Џегер, Елтон Џон, Пол Макартни, Џејкоб Дилан, како и соул изведувачи како Бети Лавет, Пари Фарел, Робин Хичкок. Во концертот ќе учествуваат 20 уметници, а притоа секој ќе испее песна на Дејвид Боуви.

Средствата од продажбата на билети ќе бидат искористени за финансирање на образовни програми за деца од сиромашни семејства.

Дејвид Боуви почина на 10 јануари од рак на црниот дроб. Два дена пред тоа излезе неговиот последен албум “Blackstar”, над кој тој работел напорно во изминатата година и покрај тешката болест. Во својата кариера Боуви продаде повеќе од 136 милиони дискови  и влезе во десетмината од најуспешните изведувачи во историјата на популарната музика во Велика Британија.

Тој е добитник на бројни награди, вклучувајќи и “Греми”. Во 2004 година списанието “Роулинг Стоун” го стави на 39-то место во рангирањето за 100-те најголеми рок-изведувачи на сите времиња и на 29-то во рангирањето за 100-те најголеми вокалисти на сите времиња.

Слични содржини