По неколкудневните врнежи од дожд, Црна Река денеска по трет пат се излеа од коритото на критичните точки кај прилепско Тополчани и го поплави пелагониското поле. Под вода се неколку илјади хектари обработливо земјиште во атарот на оптштина Могила. Иако излеаните води се уште не ги поплавиле куќите во пелагониските села, сепак жителите и натаму се борат со високите подземни води во подрумите и во нивите. Земјодлеците се во паника, родот е целосно уништетн, а нема надеж дека навреме ќе започне пролетната сеидба. Бараат надлежните да ги санираат оштетените насипи на Црна Река.

106768

-Поради дождовите е зголемено нивото на Црна Река и на две места кај селата Тројкрсти и Тополчани Црна Река е излеана од коритото и се поплавени земјоделски површини во атарот на селото Лознани, општина Могила. Засега нема пријавено дека вода има во некои објекти, изјави Илко Петкоски од прилепскиот Центар за управување со кризи.

Поради наврнатите речиси 13 литри дожд на метар квадратен во кумановско поплавени се ниви долж селата Опае, Оризари и Липково. Загрозени се неколку села во општина Могила кои претрпеа штети и во февруарските поплави, а нивото на Црна Реа е зголемено за еден метар за само 24 часа. Надлежните ја следат состојбата, но велат дека состојбата не толку критична како пред месец и пол.

Зголемени се водостоите на неколку реки низ земјава, но засега во реоните околу нив не се регистрирани излевања. Покачено е и нивото на езерата, особено на Дојранското Езеро.

Слични содржини