Бизнис – свет: Просечната нето плата во Србија во август изнесувала 47.220 динари (395 евра)

од Vladimir Zorba

 

Франкфурт/Лондон – Франкфуртската берза ја почна оваа работна недела со загуби, како реакција на инвеститорите од успехот на екстремната десница на неделните парламентарни избори во Германија. Главниот индекс на Берзата во Франкфурт – ДАКС 30 се намали за 0.2 отсто на 12.573,35 индексни поени. Истовремено, германските изборни резултати влијаеја и на вредноста на еврото. кое на Лондонската берза ослабе на 1,1912 долари од 1,1945 долари колку што чинеше во петокот.

Белград – Просечната нето плата во Србија во август изнесувала 47.220 динари (395 евра), со што номинално е помала за 1,8, а реално за две проценти во однос на претходниот месец, соопшти српскиот Републички завод за статистика. Просечната бруто плата пак изнесувала 65.094 динари (545 евра), што претставува номинален пад за 1,7, а реален за 1,9 отсто. Во однос на август 2016 година, нето платата била номинално поголема за 4,3, а реално за 1,8 отсто, додека бруто примањата биле номинално поголеми за 4,2, а реално за 1,7 проценти.

Подгорица – Петнаесет години од воведување на еврото како национална валута во Црна Гора на место тогашниот југословенски динар, Брисел досега ја толерираше ваквата едностана постапка на Подгорица, но со приближувањето на земјата кон ЕУ, се очкува европските институции да го постават на дневен ред и ова прашање. Тоа се очекува да биде разгледано во рамки на преговарачкиот процес за членство, кога Црна Гора ќе ги започне разговорите за темата „Економска и монетрана политика“, во чии рамки Брисел би можел да го оспори правото на Подогорца за користење на еврото до целосно исполнување на условите на Ееропската монетрана унија.

Загреб – Кинески инвеститори пројавиле интерес за вклучување во постапката за доизградба на аеродромот во Задар, јави СЕЕБиз. Според овој економски портал, станува збор за кинеската компанија „Чајна Комјуникејшн Констракшан“, која во преговорите за инвестирање се вклучила со псоредство на Кинеско-југоистично европската деловна асоцијација. Инаку, „Чајна Комуникејшн Констракшан“ е сопственик на фирмата ЦРБС, која веќе е вклучена во изградбата на неколку проекти во Хрватска, вклучително и мостот на Пељешац.

Берлин – Француксиот „Алстром“ и германскиот „Сименс“ подготвија договор за спојување на своите активноти во железничкиот сектор. – Двете групации ги надминаа недоразбирањата во врска со формирањето на заедничка фирма и за постигнување договор прифатлив за двете страни, објави германскиот весник „Ханделсблат“. Од дрига страна „Сименс“ е и во преговори за соработка со канадската компанија „Бомбарие“, чија европска филијала е во Берлин.

Лондон – Новиот директор на „Убер“, Дара Косровшахи изрази жалење поради „досегашните грешки“ на компанијата, само неколку дена откако властите на Лондон го одбија нејзиното барање за обнова на лиценцата. Косровшахи, во писмена изјава вели дека компанијата „правела грешки“ при своето ширење на пазарот, најавувајќи дека ќе поднесе жалба на одлуката на лондонските градски власти за одезмање на лиценцата.

Њујорк – Вредноста на акциите на Њујоршката берза вчера забележа пад, кој особено беше нагласен кај компаниите од технолошкиот сектор, кои манифестираа воздржаност од инвестиции поради тензиите меѓу САД и Северна Кореја. Индексот Дау Џонс се намали за 0,24 отсто на 22.296 индексни поени, СП 500 за 0.22 проценти на 2.496 поени, а Насдак за 0,88 отсто на 6.370 индексни поени.

Слични содржини