Бизнис – свет: Руското стопанство во првиот квартал од оваа година го забрза растот

од Vladimir Zorba

 

Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака Европа да биде попривлечна за инвестиции и истовремено повеќе да ги заштитува работниците. Во изјавата во присуство на претседателот на Европскиот совет, Доналд Таск, Макрон рече дека се залага за „помалку бирократска и повеќе политичка Европа”.

Москва – Руското стопанство во првиот квартал од оваа година го забрза растот започнат кон крајот на 2016 година, по две години рецесија, покажуваат статистичките податоци. Рускиот институт за статистика Ростат соопшти дека БДП на Русија во првиот квартал годинава пораснал за 0,5 отсто на годишно ниво, што е повеќе од владините прогонози 0,4 порцентен раст. Помалку од година пред претседателските избори во март 2018 година, на кои се очекува повторно да се кандидира и актуелниот претседател Владимир Путин, со исклучок на некои изненадувања, се потврдува тенденцијата на раст на руската економија, по тешката криза која го погоди животниот стандард и доведе речиси 20 милиони Руси на граница на сиромаштија.

Даблин – Американската банка „Џеј-Пи Морган“ купи зграда во Даблин во која планира да пресесли 1.000 свои работници од Лондон. Зградата има 12.000 метри квадратни, соопшти компанијата „Кенеди Вилсон“ кој посредувала во купопродажбата.

Владивосток – Во руското пристаниште Владивосток вплови прв патнички брод од Северна Кореја со 40 патници, со што е воспоставена нова редовна поморска линија што ќе ги поврзува двете земји.

Вашингтон – Американскиот гигант за интернет трговија „Амазон“ промовираше нова серија евтини таблети со екран од седум инчи. Наједноставниот таблет на „Амазон“, „Фајер 7“ се нуди како уред со „дополнителен час на траење на батеријата“ на вкупно осум часа, со „екран со поголем контраст и по остар текст“, за цена од 50 долари.

Брисел – Европската унија покрена правна постапка против Италија, бидејќи земјата не ги испитала на соодветен начин наводите за манипулации на „Фиат“ со емисиите на штетни гасови. Европската комисија „одлучи да испрати писмо со формално известување со кое од Италија бара да одговори за загриженоста во врска со недоволните мерки преземени во врска со стратегијата за контролата на емисијата на штетните гасови која ја применува групацијата „Фиат Крајслер“, се наведува во соопштението на ЕК.

Слични содржини