Љубљана – Словенија доживува вистински туристички бум благодарение  на сопругата на новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Словенката Меланија Трамп. Мината година Словенија, која има околу два милиона жители, ја посетиле над три милиони туристи. Само бројот на американски туристи во Словенија во првите девет месеци лани пораснал за 11 отсто. Според податоците на Туристичката организација на Словенија, се очекува и 2017 година да биде рекордна во словенечкиот туризам, бидејќи во 10 месеци ланската година бележи и раст на бројот на странски туристи и раст на ноќевања за околу 10 отсто.

Вашингтон – Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Србија во 2017 година за 0,5 процентни поени на 2,8 отсто, во однос на претходната проценка од јуни минатата година. Во најновиот „Извештај за глобалните економски изгледи”, објавен на официјалната интернет страна на Светска банка, оваа меѓународна финансиска институција ја задржа проценката на стопанскиот раст на Србија за 2018 и 2019 година на по 3,5 отсто.

Хаг – Холандија планира сите нејзини возови да се движат со помош на ветерот, т.е. на еолска енергија. Земјата користи енергија од обновливи извори веќе долги години, а сега нејзина цел е својата железничка мрежа од над 2.600 километри пруги, да ја префрли на напојување на еолските фармите. Иако засега се оди според планот, државата сака тој процес да заврши пред истекот на планираниот рок.

Белград – „Железарата“ од Смедерево, која е во сопственост на кинеската компанија „Хестил“, наскоро би можела да достигне, па дури и да го надмине максималното производство од 2008 година. – Се покажа дека Кинезите знаат да работат. Цената на челикот во светот расте и се планира палење на втора висока печка во фабриката, па сега е можно да се надмине производството на челикот од 2008 година, пред заминувањето на „Ју-Ес Стик“ од Смедерево, изјави раководителот на „Железарата“, Стојан Стаменковиќ.

Загреб – На крајот на деловната 2016 година Меѓународниот аеродром во Загреб забележа зголемување на сообраќајот од седум отсто, што претставува трета година на раст по ред и вкупен пораст на сообраќајот во последните три години од 20 отсто. Кон средина на јули летови од Загреб почна авиокомпанија „Ер Трансат“, што беше од посебно значење за аеродромот, бидејќи таа лета на прекуокеанската линија за Торонто, правејќи го така Загреб единствен град во овој дел на Европа што е директно поврзан со најголемата канадска метропола.

 

Лондон – Поради недостиг на станбен простор и високите цени на недвижностите, британската Влада сака да изгради населби во кои би живееле оние кои не можат да си дозволат стан во градовите. Велика Британија за некоја година би можела да добие 17 нови градчиња, главно во празни англиски предели, поради потребите за домување на сегашните жители, кои чувствуваат хроничен недостиг на станбен простор и се соочени со астрономски цени на недвижностите.

Лондон – Популарната апликација Снепчет го избра Лондон како ново седиште за својот меѓународен оддел, со што се чини дека претставниците на компанијата не ги плаши Брегзитот. Менаџерот на Снепчет, Клер Валоти вели дека веруваат во креативната индустрија на Велика Британија. Инаку, Снепчет има околу 10 милиони дневно активни корисници на британскиот пазар. За споредба, во светот има повеќе од 150 милиони, а половината се надвор од матичната САД.

Сеул – Баукот од птичјиот грип се надви над Кореја. Вирусот Х5Н6 речиси го десеткуваше јужнокорејскиот живински фонд, а цените на јајцата скокнаа и до 50 отсто. Во Кореја мораа да бидат уништени 17 отсто кокошки и 28 отсто патки заради спречување на пандемијата, што е околу 31 милион птици. Со намалување на бројот на живина и бројот на јајцата на пазарот имаше голем пад. Поради недостигот астрономски се зголеми и цената на пакувањето од 10 јајца

Слични содржини