Сараево – Босна и Херцеговина лани извезла чевли во вредност од 642,26 милиони конвертибилни марки (328,5 милиони евра). Според податоците на Асоцијацијата за текстил, облека, кожа и чевли, Надворешнотрговската комора на БиХ, увезла чевли за 318,9 милиони КМ (163 милиони евра). Остварениот суфицит изнесува 323,7 милиони КМ (165,5 милиони евра) пренесе порталот Klix. Половина од извозот на чевли е реализиран во Италија (52 отсто), потоа во Германија (11 отсто), Австрија (8,0 отсто), Франција (5,0), Словенија (4,0) и во Хрватска (3,0 отсто).

biznis

Женева – Бројот на невработените млади ќе се зголеми за пола милион оваа година на 71 милион, што е прво зголемување во три години, соопштија Обединетите нации. Во новиот извештај на Агенцијата за труд на ОН, се оценува дека глобалната стапка на невработеноста на младите во оваа година ќе достигне 13,1 отсто во однос на ланските 12,9 проценти, приближувајќи се на рекордното ниво од 13,2 отсто од 2013 година.

Загреб – Иако Хрватска има 1.244 острови, стопанската активност во тој дел на земјата релативно е слаба и поврзана главно за туристичката сезона. Од 1.244 острови, поголеми од квадратен километар се 78, а постојано населени од нив се 47. Според анализата на Финансиската агенција, на хрватските острови постојат 344 населби со вкупно 132.756 жители, а во 52 најголеми работат 3.933 претприемачи со вкупно 20.364 вработени. Во однос на претходниот период (бројот на жителите од минатиот попис во 2001 година, а деловните резултати за 2014 година), состојбата се подобрува бидејќи пораснал бројот на жителите за 7.886, 103 претприемачи се повеќе, а вработени 886.

Мадрид – Шпанија во второто тромесечје оваа година забележа скромен стопански раст. Земјата заглави во политичко лимбо и по долгите општи избори одржави во шест месеци без постигнување на убедлив резултат на некоја од парламентарните партии.

Опатија – Елитните недвижнини во прв ред до морето ретко се наоѓаат во понуда на специјализираните агенции, меѓутоа тоа не значи дека тие не постојат и не наоѓаат лесно купувачи. Опатиските т.н. златни квадрати и понатаму држат висока цена. Во една од агенциите за посредување во промет на недвижнини велат дека елитните капацитети на опатиската ривиера ги продаваат дискретно и дека многу често таквите куќи и станови не се огласени на веб страниците на агенциите.

Стокхолм – Потпретседателот на САД Џо Бајден изјави дека САД сметаат дека проектот на гасоводот Северен тек 2 лошо поминал за Европа. Рускиот Гаспром и неговите европски партнери договорија проект на изградбата на гасоводот, кој ќе оди под површината на Балтичкото море до Германија. Меѓутоа, многу источноевропски земји и САД сметаат дека тој би можел да ја ограничи диверзификацијата на доставувачките рути и да влијае на енергетската безбедност на Европската унија, која третина од своите потреби за гас ги подмирува од Русија.

Загреб – Секој ден од загрепските автобуски станици се движат десетици автобуси за Германија и сите се полни. Млади, стари, луѓе на средни години, всушност воопшто повеќе не се гледа на годините, бидејќи сите заминуваат. Не само младите кои штотуку завршиле средно или факултет. Заминуваат и тие кои во Хрватска работеле 15 до 20 години, пишува порталот Index.

Виена – Куповната моќ на Австријците повторно порасна и лани секој Австриец во просек располагал со 277 евра повеќе од претходната година, т.е. со 20.646 евра. Ако се земе предвид инфлацијата, тоа е за 9 евра месечно повеќе, покажуваат податоците на студијата „Regio Data” за куповната моќ. Во споредба со другите европски земји, Австрија падна од шесто на осмо место, а ја надминаа Данска и Исланд.

Подгорица – Авио достапноста на Црна Гора од први октомври ќе биде зголемена за над 30 оддалечени дестинации, е резултат од договорот на Монтенегро ерлајнз со компанијата Ер Србија. Претседателката на бордот на директори Далиборка Пејовиќ рече дека бројот на превезените патници е за 6 отсто поголем во однос на истиот период лани. Подобри се и финансиските резултати за пола година, приходот е 500.000 евра поголем од лани. вз/08:11

Слични содржини