Во болница во Ница синоќа по девет месечна борба за живот почина возач во Формула 1 Жил Бјанки. бјанки

Францускиот возач во октомври 2014 година, претрпе ужасна несреќа во трката за Јапонското ГП во Сузука. Бјанки возејќи за „Маруси“ изгуби контрола на возилото и со голема брзина удри во кран кој се наоѓаше во близина на патеката. По тешката повреда во текот на изминатите девет месеци во Ница се бореше за живот, но за жал ја загуби битката. 
Неговото семејство во раните утрински часови, соопшти дека Жил почина.
– Со длабоко жалење соопштуваме дека Жил синоќа почина во болница во Ница, каде што беше сместен по тешката несреќа на 5 октомври 2014 година на патеката Сузука во Јапонија. Тој се бореше до крај, како што тоа секогаш го правеше, но денеска ја изгуби битката. Болката која ја чувствуваме не се опишува. Ви благодариме на сите што беа со Жил во последниве неколку месеци, се вели во соопштението на семејството на Жил Бјанки.
Французинот во Формула 1 дебитираше во 2013 година и важеше за еден од најталентираните возачи во автомобилизмот.

Слични содржини