Исхраната богата со благ компир значително го подобрува квалитетот на живеење бидејќи штити од кардиоваскуларни заболувања и карцином, ги штити очите и го подобрува ноќниот вид, штити од катаракта, го зајакнува имунитетот, влијае на доброто расположение, го стимулира централниот нервен систем, горегулира варењето.

tajnite-na-blagiot-kompir-batat

Овој компир е идеален за дијабетичари, а потоа и за спортисти и луѓе изложени на физички напори бидејќи многу брзо јанадополнува потрошената енергија, доста се користи како првахрана кај бебињата, а е препорачлив за постари лица бидејќи ја одржува еластичноста..

Сиров благ компир

Излупениот благ компир се сецка на стапчиња и се држи 10 минути во сад со ладна вода. Исцедениот благ компир може да се послужи како салата или со сок од пасирани јаболка и домати.

Варен благ компир

Излупениот компир се става во несолена, зовриена вода и се вари 30 минути. Од вака сварените компири може да се направи пире со додавање на малку маргарин и млеко по желба.

Печен благ компир

Печениот благ компир е најчеста препорака, а се подготвува на начин што нелупените благи компири се мијат, се боцкаат со вилушка на повеќе места и се печат 45 минути, односно додека не омекнат.

Пржен благ компир

Излупените благи компири се сецкаат на стапчиња и се варат 10-15 минути во несолена зовриена вода. Потоа се исцедуваат и се пржат на врело масло. Вака испржените компири се ставаат на хартиена салфетка за да се впие маслото.

Слични содржини