Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, за германски „Бунте“ изјави дека совеста му е чиста и дека нема никаква врска со корупциската аферата што ја погоди организацијата.

БЛАТЕР-ИСТРАГА

– Верувам дека кога ќе дојде времеќе одам во рајот, рече 79-годишниот Блатер.

Голем корупциски скандал ја тресе ФИФА уште од крајот на мај, кога непосредно пред конгресот на организацијата во Цирих, по налог на ФБИ швајцарската полиција уапси седуммина високи функционери на ФИФА.

Сепак американското обвинителство не покрена постапка против Блатер, но затоа речиси целокупното останато раководство на ФИФА е под истрага.

Веднаш по апсењето Блатер од делегатите на Конгресот доби нов мандат, но  подоцна објави дека ќе поднесе оставка.

– Имам чиста совест, секој ќе ќе ме нарече корумпиран ќе мора тоа и да го докаже, но тоа е невозможно бидејќи не сум корумпиран. Имам златен крст  благословен од папата Фрањо и верувам дека еден ден ќе заминам во рајот, нагласува Блатер./МИА

Слични содржини