Блејк Лајвли симнала 30 килограми

од Vladimir Zorba

30-годишната ѕвезда положи огромни напори по раѓањето на своето второ дете – малата Инес и ја сподели со фановите среќата од постигнатиот резултат.

Споделувајќи фотографија, на која ja гледаме Лајвли во салата, таа напиша: “Дури и да изгледа дека никогаш нема да ги симнете 30-те килограми кои сте ги качиле за време на бременоста и да пребарувате на Instagram прашувајќи се зошто немате задник како на модел, знајте дека тоа е сосема можно!

Му благодарам на мојот тренер  за враќање на мојот газ во форма. Се чувствувам многу горда”.

Во меѓувреме ѕвездата од “Gossip Girl”, која има и 3-годишна ќерка Џејмс со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, призна дека се уште се учи како да сака своето тело, откако родила деца.

Таа рече: “Ова е процес. По второто дете е сосема поинаку. Ова не е моето нормално тело, но ми се допаѓа. Учам да го сакам моето тело во секоја форма и мислам дека е тешко за жените, па мора многу да научам “.

Слични содржини