Околу раѓањето на близнаците на Бијонсе и Џеј Зи очигледно има некаква компликација.

Извор близок до ѕвездите раскажал пред новинар на TMZ, дека во моментов бебињата се во болничка просторија со специјална опрема, во која се наоѓаат под светилки на фототерапија.

Обично таков уред се користи во случаи кога помалите се раѓаат со жолтица. Така се раѓаат околу 70 проценти од бебињата.

Во принцип до три недели децата со жолтица стекнуваат розова боја на кожата. Се смета дека токму здравствената состојба на децата ѝ овозможиле на Бијонсе да се пофали на социјалните мрежи.

Ѕвездата имаше одлична бременост и го покажуваше пораснатото стомаче на светски настани. Таа и Џеј Зи не ја коментираа состојбата на децата. Лекарите кои ги лекуваат исто не објавуваат ништо.

Бијонсе и Џеј Зи имаат уште една ќеркичка – Блу Ајви.