Близнаците од кои Цукерберг ја украде идејата за Facebook станаа први биткоин милијардери

од desk2

Браќата близнаци Камерон и Тајлер Винклевос кои го обвинија Марк Цукерберг за кражба на идејата за Facebook, станаа први биткоин милијардери.

Тие двајца го тужеа Цукерберг во 2009 година, и со спогодба добија 65 милиони долари од кои 14 вложија во биткоин во 2013 година. Тоа тогаш чинеше еден отсто од целокупната валута биткоин што беше во промет.

Од тогаш вредноста на дигиталната валута се зголеми за повеќе од 10.000 долари, поради што 36-годишните браќа станаа милијардери. Тие неодамна кажаа дека оваа криптовалута е подобра од злато. Биткоин дели девет исти темелни особини со златото, вклучувајќи ограниченост, издржливост и преносливост, но цело време го победува златото.

„Биткоин е потенцијално најголема социјална мрежа од сите“, рече Тајлер во 2016 година.

За биткоин дознаа кога беа на одмор во 2012 година, а во 2015 на пазарот лансираа дигитална валута позната како гемини, која овозможува на инвеститорите да купуваат, продаваат и да чуваат биткоин.

Покрај шпекулациите на финансиските експерти кои прогнозираа крах на оваа валута, биткоинот собори рекорди откако вредноста му порасна над 10.000 долари.

„Се сеќавам дека и за Facebook велеа дека е привремен. Го гледавме овој филм со Facebook. Сега чувствуваме дека сме во ист филм, само со различна постава на актери“, рече Тајлер за Financial Times.

Слични содржини