Блогер доби кривична оти не пријавил 33.712 евра приход

од desk2

Струмичанец стар 54 години доби кривична пријава од СВР Струмица бидејќи не пријавил приход од блогирање во износ од 33.712 евра, односно не платил персонален данок за тие пари, извести СВР Струмица.

Пријавениот се товари за даночно затајување, за приходи од 2.073.315 денари остварени во 2015 година, кои ги добил од странство преку сервис за брз трансфер на пари. Не пријавувајќи ги во годишната даночна пријава која се поднесува во УЈП и не плаќајќи персонален данок за нив, според полицијата, го оштетил буџетот на Република Македонија за 207.331 денари.

Слични содржини