Блокада на улицата Борис Трајковски попладнево во Скопје

од Vladimir Zorba

Од 17 до 18 часот денеска ќе биде блокирана улицата Борис Трајковски поради протест. Блокадата ја прават жители на скопската населба 11 Октомври, кои на овој начин сакаат да изразат незадоволство од институциите, кои, како што велат, не преземаат ништо да ги спречат проблемите што ги имаат со околу 200 Роми кои се населени во старите бараки на ГП „Пелагонија“.

Жителите на населбата информираат дека почнувајќи од мај 2016 година, доставиле две петиции до Општина Кисела Вода и известување до Министерство за труд и социјална политика.

„Станува збор за проблеми кои првенствено се негативен пример за нашите деца, како, на пример, вдишување лепак од децата кои слободно влегуваат во приватни дворови, при што вршат и кражби, секоја вечер палат пластични материи од кои не сме во можност да дишеме или да излеземе во нашите дворови. Зачестени се нарушувањата на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика до доцните вечерни часови, за што повеќепати сме известувале во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, како и во полициската станица во Кисела Вода, објаснуваат жителите./META

Слични содржини