Блокиран центарот во Единбург поради сомнителен предмет

од desk2

Полицијата во Единбург го блокирала центарот на градот поради сомнителен предмет најден пред едно кино.

Како што пренесува „Скотиш сан“, пред Омни центарот полицијата го оградила просторот и го испитуваат најдениот предмет.

„Полицијата може да потврди дека се занимава со предметот и истрагата е во тек“, вели портпаролот на полицијата.

Слични содржини