Над две илјади економски мигранти ја блокираа железничката линија на границата меѓу Република Македонија и Грција, јавува Радио Слободна Европа. Ова се случи откако не добија дозвола да преминат на македонска територија .

284233-mvr-izdade-potvrdi-na-novi-1.200-migranti

Мигрантите лежат врз шините на меѓународната железничка линија. Нивната бројка постојано се зголемува, бидејќи грчките власти дозволуваат на сите пристигнати по нејзините острови да го продолжат патот до Македонија. Најмногу економски мигранти има од Бангладеш, Иран, Сомалија, Шри Ланка, Мароко, Конго, Либан и други држави каде што нема воени дејствија, пишуваат повеќе медиуми.

Официјално се прифаќаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. Оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија, објави РСЕ

 

Слични содржини