1472584940-5d9552ec456ad66148dcac50eca8f8bc-600x460 (1)

Го блокираат GPS системот со специјални уреди.

Дали од гледна точка за безбедност, или за да се “прикрие”, нршто богатите Американци ги сокрија имотите од будното око на “Чичко Гугл”. Сопствениците на скапи палати во САД масовно ги кријат своите куќи и дворци од Google Maps, соопштува Luxury Listings.

Со помош на апликацијата Google Maps секој може да најде карта или сателитски слики на планетата Земја. Неверојатни се можностите обезбедени од современите технологии и апликации.

За многу региони се достапни детални аерофотоси со висока резолуција снимени од височина 250 – 500 метри. Некои места дури се со можност за преглед под агол од 45 степени, и тоа од сите четири страни.

Кон картографскиот сервис е прикачен бизнис директориум и карта на недвижностите, патните артерии, дури и тротоарите во соодветниот регион на САД, Канада, Јапонија, Русија, Хонг Конг, Кина, Велика Британија, Ирска и европските земји.

Практично би можеле да откриеме секоја куќа, земјиште, имот, вила или блок – се што сакаат.

Но, информираните мозоци измислија апликација со која може да се сокрие одреден објект и тој станува невидлив на картичката. Самата апликација, исто така не е за сиромашни, па сопствениците на огромните замоци со куќи и луксузни вили спокојно можат да си го дозволат, како дел од нивниот ентериер.

Неодамна во престижните предградија на богаташкиот кварт Хидден-Хилс на Лос Анџелес, Калифорнија, била изложена за продажба огромна луксузна вила со имот. Куќата била со шест големи спални и бројни помошни простории, а цената – 6,8 милиони долари.

Но се покажало дека да се најде овој имот со помош на Google Maps е апсолутно невозможно! Овој случај не е единствен, велат брокерите на недвижности. Ако одлучите да одите сами, без посредник, никогаш нема да го најдете, бидејќи на картичката го нема.

Тоа е затоа што сопствениците на скапи недвижности инсталирале специјални уреди кои ги ловат брановите и тотално ја блокираат работата на GPS системите, пишува lenta.ru.

Една од верзиите, кон која се придржува американското издание Luxury Listings, е дека богатите и најмногу познатите Американци, особено ѕвездите не сакаат луѓето да знаат како и каде живеат. “Имаше времиња кога луѓето се фалеа со своите имоти и со она што го поседуваат како нивно богатство. Но во денешно време веќе речиси никој не го прави.

Приоритетите се пренасочија, на прво место сега е безбедноста! “, тврди американски брокер кој работи со богатите клиенти. Не е тајна дека од услугите на Google Maps во САД уживаат и државните институции, вклучувајќи и даночните служби, градежните компании и медиумите.

Значи различни би можеле да бидат причините богаташите да се кријат – било од даночниците, од медиумите или од други организации.

Едно е јасно – милионерите не сакаат повеќе да се во центарот на вниманието, како што беше некогаш. Најверојатно денес се цитираат примерено правата на демократско општество со либерални вредности.

Зарем во земја која претендира да е напредна и демократска, има поделба на општеството по приход или, не дај Боже, социјална и класна омраза?

Во градот Роулетт во американската држава Тексас службеници на компанија специјализирана за демонтажа на згради, поради грешка од Google Maps уништиле до темел комплекс, кој воопшто не е предмет на уривање.

По случката работниците покажале слика од апликацијата со целосно правилно внесен адреса и маркер кој посочува сосема друго здание. Така се случило и по погрешното уривање, довело до штета за милиони.

И оваа грешка, направена од Google Maps, е последица на апликација, кој дава лажни погрешни информации, пишува Лента.ру.

Едно е сигурно – дека човечкиот разум успева во костец секој АИ, измислуваме нови и нови модерни технологии.

И колку се повеќе модерни времињата во кои живееме, толку повеќе е контроверзно прашањето каде е границата меѓу реалноста и виртуелната заблуда.

Слични содржини