Богдан Илиевски: Никогаш не сум имал идеја да бидам во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

од desk4

Богдан Илиевски-Бетмен, еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, кој потоа премина во Извршниот комитет, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека не смета дека со тој потег го изневерил движењето.

-Не сметам дека го изневерив движењето, туку како возрасен човек одбрав друг пат. Не мислам дека Борис е разочаран од мене, разговараме и после емисијата и денеска. Тоа е моја лична одлука. Иако со Борис не се согласуваме по многу прашања, по прашања важни се Македонија се согласуваме . Никогаш не сум имал идеја да бидам во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно ни се поклопија гледиштата во еден момент, рече Илиевски.

Слични содржини