Со пригодна програма и положување цвеќе пред спомен-бистите на паднатите борци, Општина Богданци денеска го одбележа Денот на ослободувањето, 10 Октомври.

28858781

По повод 71 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор, цвеќе беше положено и пред спомен плочата на Васо Марков, партизан од Серменин, Гевгелиско, кој загинал во воените дејствија за ослободување на Богданци.

Градоначалничката Анастасија Олумчева, како предводник на општинската делегација, истакна дека никогаш нема да се заборави борбата на луѓето што загинале за слободата, дека ќе се почитуваат нивните дела и дека ќе се продолжи по патот на нивниот сон за слободно Богданци.

Во рамки на прославата, ученици од средното општинско училиште ја читаа поемата „Ако“ од Трајче Кацаров. Врачени беа и наградите на најуспешните ученици од литературно-ликовниот конкурс на тема „Го сакам Богданци“.

Слични содржини