Богоев: Чист образ и одговорност, а не оправдувања и квази проекти

од desk2

„Дојди Стефан, види во што се гушиме, а живееме во централен дел на Карпош, на само неколку чекори и до општина Центар“.

Со овие зборови беше дочекан Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средба со граѓаните од Карпош 1 (во близина на Градскиот парк, позади АБЦ).

Ужасна миризба од лошата канализациона мрежа, тревници кои никој не ги одржува и се извор на зарази, имотно правни проблеми за кои Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ немале слух и волја да ги решат.

Не сум дојден тука да ве лажам и да се расфрлам со ветувања. Но, заедно со мојот Тим ве уверувам дека ќе започнеме со решавање на проблемите. Ова се основни инфраструктурни проблеми и е срамно карпошани, во најурбаниот дел, во близина на последната зелена оаза – Градскиот парк, да живеат во вакви услови, напомена Богоев.

Во недела одлучуваме меѓу два концепта. Од една страна е Програмата за зелен Карпош, заштита на зеленилото во нашата општина и авангардни проекти за сите граѓани, а од друга страна е концептот на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е урбаната мафија, сечата на дрвја, носење ДУП-ови во затворена и нетранспарентна постапка.

По 4 години, сакам да го задржам чистиот образ. Се обврзувам на чесна работа и одговорност, а не на оправдувања и квази проекти, убеден сум дека заедно ќе успееме, заврши Богоев.

Слични содржини