Богоев: Во недела гласаме за 19 – Живот во Карпош за сите

од desk2

„Во изминатите дваесетина дена јас и мојот Тим ги посетивме скоро сите домаќинства, се сретнавме со скоро сите граѓани на општина Карпош, ги презентиравме нашите идеи за живот во Карпош, но и ги слушнавме Вашите проблеми кои за жал се многубројни.

Затоа, на крајот од оваа кампања, Ве повикувам сите на општа политичка мобилизација, во недела, на 15-ти октомври, да гласаме за бројот 19.

Да ставиме точка на владеењето на урбаната мафија во Карпош и во Скопје.

Со бројот 19 – гласате за враќање на животот во Карпош.

Со бројот 19 – гласате за враќање на животот во Скопје и во Република Македонија.

Заедно можеме, заедно во недела масовно ќе успееме!“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош.

Слични содржини