Богоевски: АХМЕТИ И ЏАФЕРИ џабе тужат, директорите на „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“ признаа дека ПОТКУПУВАЛЕ!

од Vladimir Zorba

Кога ќе биде објавена пресудата, тоа ќе значи дека американското судство веќе докажало дека во коруптивните активности се вклучени македонски граѓани, а меѓу нив високи владини функционери. Директорите на „Маѓар телеком“ од тоа време признаа дека поткупувале, и дека ќе платата казна за тоа- што повеќе!?

 

Слободан Богоевски на рочиштето на 27 јануари ги обвини Али Ахмети и Муса Џафери дека со тужбата за клевета против него вршат незаконито влијание на сведок во судска постапка (Фото: СДК.МК)

Судскиот процес во Њујоршкиот суд за случајот „Дојче телеком“ кој беше закажан за осми мај, во кој двајцата поранешни директори на „Маѓар телеком“ Елек Штрауб и Андраш Балог беа обвинети дека со лажирани договори поткупувале македонски функционери во 2005 и 2006, заврши со нивното признавање на вината и спогодбено договарање за плаќање парични казни. Во спогодбата со Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ) Штрауб се согласил да плати казна од 250 илјади долари, а Балог ќе плати 150 илјади долари.

Во меѓувреме, и „Дојче телеком“ дополнително треба спогодбено да плати казна, но износот не е соопштен. СЕЦ првично барала отшета од милијарда и триста илјади долари. Комисијата за хартии од вредност покрена постапка против „Маѓар телеком“, затоа што сопственикот на компанијата „Дојче телеком“ котира на Њујоршката берза и е под контрола на СЕЦ, пренесува СДК.МК

Сведок на Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ) е македонскиот ексразузнавач Слободан Богоевски, кого лидерот на ДУИ Али Ахмети и високиот партиски функционер Муса Џафери во Скопје го тужат за клевета за дадените изјави пред СЕЦ, со кои тој токму нив ги посочува дека примиле поткуп од „Маѓар телеком“.

Слободан Богоевски кој требаше да патува за Њујорк на рочиштето во Њујоршкиот суд вчера ни изјави дека нема да оди затоа што процесот е веќе завршен.

„Судењето е завршено. Бидејќи обвинетите признаа вина дека поткупувале македонски политичари, случајот е затворен“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Слободан Богоевски откако вчера попладне СЕЦ објави дека со унгарските директори се спогодиле да платат казна за поткуп.

Во исказот пред Њујоршкиот суд, Богоевски наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од „Маѓар телеком“ преку грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Според сведочењето пред Њујоршкиот суд, Богоевски посочува и дека во скандалот, освен Кондоминас биле вмешани поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери и поточно, во три наврати биле исплатени по 2,5 милиони евра.

Целиот текст  тука

Слични содржини