Богоевски: Седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања би се одржала и без присуство на опозицијата

од desk2

Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски денеска изјави дека до Собранието на Република Македонија не е пристигнат никаков допис од Судот со барање за повлекување на имунитет на пратеници и дека седницата би се одржала дури и без присуство на опозицијата
бидејќи владејчкото мнозинство има доволно пратеници за кворум за работа.

„Можам да кажам дека врз основа на член 53 од Деловникот на Собранието ако и кога стигне допис од надлежен орган, што во овој случај е судот, ќе ја свикаме комисијата и ќе одлучуваме“, рече Богоевски.

Според процедурата, како што појасни тој, барањето прво треба да се достави до претседателот на Собранието.

„Сигурен сум дека имаме начин како и од далечина претседателот на Собранието да одлучи
по некое барање, со електронски потпис, со ставање на своерачен потпис. Во моментот кога претседателот на Собранието ќе утврди дека барањето ги исполнува условите од членовите 53 и 54 од Деловникот односно дека е поднесено од надлежен орган, во тој случај претседателот по службена должност го пренесува барањето до претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, кој што е должен во рок од два дена да заврши со седницата на која што ќе се донесе заклучок како ќе се постапи по
барањето“, посочи Богоевски.

Слични содржини