Често гледаме прилично чудни комбинации помеѓу бојата на косата и нијансата на веѓите. Навистина, трендовите се менуваат секојдневно – прво беа во мода природни, речиси без облик веѓи, потоа многу тенки, потоа повторно темни и густи и од неодамна осветлени.5_bushier-eyebrows

Како што е јасно, преминот низ сите овие фази е невозможен, барем поради брзината со која растат веѓите и штетата што се нанесува со различни бои.

Затоа нудиме една значително удобна опција – природната. Ви ги претставуваме одговорите на едни од најчесто поставуваните прашања за тоа каква боја треба да бидат веѓите кај фарбаната коса.

Видете сами.

1. Русокоса

Русокосите дами е добро да се свесни за ефектот кај двете варијанти. Темните веѓи го нагласуваат окото и буквално стојат како “рамка” во погледот. Ако сте решиле да се потпрете на овој ефект, најдобро е да одберете кафеави, но никогаш црни веѓи, бидејќи премногу голем контраст не е добра идеја.

Светли веѓите се попогодна опција, бидејќи стојат природно и ја истакнуваат природната убавина. Ублажувањето на цртите е добра стратегија за дамите со светла коса, зашто се добива посакуваниот “ангелски” изглед.

2. Бринета

Темнокосите дами е пожелно да запрат на темни веѓи кои стојат природно. По природа веѓите се со еден тон потемни од косата, па тоа е оптимално најдобра опција.

Светлите тонови , од друга страна, ги омекнуваат линиите и ги истакнуваат повеќе на јаболчниците и усните. Ако тоа се деловите од лицето што сакате другите да ги забележат, светлите веѓите се добар трик.

3. Црвенокоси

Дамите со огнена коса, кои се од светлата палета, треба задолжително да се придржуваат кон иста боја веѓите. Темните или светли тонови ќе дадат премногу контрастен и неприроден изглед на целокупната визија. Темноцрвените пигменти даваат повеќе слобода кога станува збор за веѓи. Можете да изберете или иста боја како косата, или до два тона потемна.

4. Црна коса

Катран-црната коса стои најдобро со црни веѓи. Најлошата можна опција е да ги осветлите, бидејќи тогаш целосно ќе ја изгубите бојата на лицето.

Слични содржини