Бока му дава на Џиџи 2.500.000 долари за да поигра 5 месеци

од Vladimir Zorba

Бока Јуниорс упати примамлива понуда за голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон, соопшти Infobae.

Аргентинскиот гигант е подготвен да му плати на 40-годишниот голман 2,5 милиони долари за петмесечен договор, што е повеќе од 500.000 долари месечно.

Во Бока се надеваат да го убедат Буфон да игра за тимот поради шанса да триумфираат во Копа Либертадорес – јужноамерикански еквивалент на Лигата на шампиони, која Буфон така и не успеа да ја освои со Јувентус.

Во Бока го очекуваат одговорот на Буфон до 17 мај.

Слични содржини