Боко Харам во бомбашки напад уби 28 и рани 82 лица

од desk2

Најмалку 28 лица загинаа во напад на три жени самоубијци на влез во камп за раселени лица, на североистокот на Нигерија, соопштија локалните надлежни служби.


Нападот носи обележке на Боко Харам, пренесе агенцијата Reuters.

Во трите експлозии ранети се 82 лица, недалеку од градот Мајдугури, каде подолго трае судирот меѓу владините сили и Боко Харам.

Боко Харам (Boko Haram – западното учење е грев) е радикална муслиманска терористичка организација во Нигерија, формирана во 2002 година во нигерискиот град Мајдугури. Боко Харам се противи не само на западното образование, туку и на Западната култура и современата наука. Организацијата е противник на слободните избори и гласање. Според водачите на организацијата, нигериската држава е управувана од неверници.

Слични содржини